Во кината Cineplexx утре (1-ви октомври 2013) премиерно ќе биде прикажан најновиот македонски филм „Соба со пијано“.
Проекциите на „Соба со пијано“ се закажани во 20:40 часот во Сала 2 и 21:40 во Сала 3.
На Q&A сесијата закажана веднаш после проекциите публиката ќе има можност да поразговара и да го сподели својот впечаток за филмот со актерите Наташа Петровиќ, Јовица Михајловски, Симона Спировска, Игор Стојчевски, Дениз Абдула, Фирдаус Неби, кинематограферот Томи Салковски и режисерот Игор Иванов.