Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре, премиера на „Три сестри“ од Чехов во Турскиот театар

0
By Нова ТВ on June 20, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Турски театар-Скопје утревечер од 20 часот на сцената на Театар Комедија премиерно ќе ја изведе „Три сестри“  по мотиви од  драмата на Антон П. Чехов, во адаптација и режија на Васил Христов, кому ова му е трета соработка со овој ансамбл во изминатите 25 години.

На почетокот на 1990-тите Христов  во Турски театар ја постави „Тетовирани души“, а во 2009-та – „Будење на пролетта“ која имаше само една изведба на тогашниот фестивал „Скопско лето“.

-Се надевам дека ова ќе биде трета среќа и дека оваа претстава ќе има живот. Ансамблот е сега подмладен, театарот има нова управа, прекрасни желби и идеи како да се развива Турски театар понатаму. Кон таа смисла води и оваа претставата. Се правеше со голема желба и емоција да се влезе подлабоко и поискрено во театарот како уметност, да говориме со искрен театарски јазик, меѓутоа поединечно, а не како народ, толпа, народности или како мацинства во Македонија.  Не, туку секој за себе, бидејќи сите се наоѓаме во истиот кош. „Три сестри“ е рефлексија на секој поединец во општеството – човек кој сака да избега од себе и никогаш не може, сите му се криви, освен тој самиот, рече Христов денеска на прес-конференција.

Додаде дека со изборот на текстот „Три сестри“ си задал себеси тежок товар затоа што, рече, Чехов уште од студентските денови не му е најмил автор и смета дека стилски е надминат одамна. Одбивноста кон Чехов, како што рече, ја чувствува уште од детството кога во семејниот дом слушал за тоа како се работи Чехов.

-Од Станиславски па наваму, сè е Чехов и секој има начин како тој модерно се работи. И поради тоа цел живот, веројатно, имам одбивност да се соочам со Чехов, рече Христов.

Меѓу актерите во претставата е и Наџи Шабан кој ќе го игра ликот Татко. По 11 години се враќа на сцената, зашто од 2008 година не добивал улоги  во  матичниот театар. Не навлегувајќи во причините поради кои претходното раководство не го ангажирало во претстави, Шабан, кој до 2007 и самиот беше директор на Турски театар-Скопје, рече е задоволен од процесот на подготовка и соработката со режисерот и колегите.

-Не дека обвинувам некого, но сакам да кажам дека мене ме зафати бранот на претходниот систем и ме отфрли накаде. Изгледа преживеав благодарение на театарот, режисерот и раководството кои ме сместија во оваа претстава во која добивам улога на Татко кој во текстот го нема. Јас сум, пред сè, актер, тоа е мојата професија и многу сум радосен што по долго време успеав да настапам,  сега и со млада генерација актери, рече Шабан, оставајќи за претставата да се зборува откако ќе биде видена.

Покрај него, во актерската екипа се и Емине Халил, Ерман Шабан,  Жале Османли, Инес Радончиќ, Јеткин Сезаир, Неат Али, Селпи Керим, Сузан Акбелге и Џенап Самет.  Режисерот Васил Христов е и сценограф на претставата и ја избрал музиката, а костимите ги изработи  Роза Трајчевска-Ристовска.

„Три сестри“ ќе биде втора премиера на Турски театар-Скопје во 2019-та, по „Јунаци од бајките и Црвенкапа“ која ја изведе во март, а до крајот на годинава ќе има уште две премиери.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

ВЕСТИ November 4, 2025

Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок на својот пат кон ЕУ во…

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.