Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре собраниска седница за Предлог – законот за Договорот со Грција

0
By Соња Петрушевска on June 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 11 часот ја закажа седницата за Предлог – законот за ратификација на Конечната спогодба со Грција по скратена постапка. Пратениците утре треба да ја изгласаат потребата за донесување на Предлог-законот за ратификација, по што за Спогодбата ќе се отвори дебата во Комисијата за европски прашања .

Поради европското знаменце на текстот на Предлог – законот се ограничува и времетраењето на дискусиите на Комисијата за европски прашања на три дена. По дебатата во оваа собраниската комисија, за Договорот се гласа и на  пленарна седница. За да се ратификува,  потребно е мнозинство од 61 пратеник.

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој е претседател на собраниската Комисија за надворешна политика реагира на одлуката на Владата да го поднесe Договорот со европско знаменце.

„Ратификациите се законска надлежност на Комисијата за надворешна политика како матично работно тело во Собранието. Сѐ друго е кршење на законот”, рече Милошоски.

Претседателот на Собранието Џафери вели дека очекува до петок договорот да биде ратификуван од  Парламентот по што ќе биде  пратен кај претседателот на државата Ѓорге Иванов. Тој денеска имал средби со сите координатори на пратеничките групи во Собранието, вклучувајќи ја и опозицијата.

На власта и се брза да го ратификува Договорот, поради заседанието на Европскиот совет кое е закажано на крајот на јуни, а на кое ќе се одлучува за датумот за почеток на преговорите со ЕУ.

Во Договорот за решaвање на спорот за името пишува дека по гласањето во македонското Собрание, грчката страна  ги известува ЕУ и НАТО дека повеќе не го блокира  интеграцискиот процес на Македонија и земјата може да добие датум за почеток на преговори и  покана за членство во НАТО.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.