Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утврден текстот на Предлог законот за правда за децата

0
By Blerina Tahiri on December 12, 2023 ВЕСТИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предлог – законот за правда за децата, чиј предлагач е Министерството за правда, утврден е на седница на Влада.

-Основната цел на законот е остварување на најдобриот интерес на детето. Со него се врши  усогласување со директивите на ЕУ што се однесуваат на процедурална заштита на децата кои се осомничени или обвинети во кривичната постапка и за утврдување минимални стандарди за правата, поддршката и заштитата на жртвите на криминал, се наведува во денешното соопштение од Министерството за правда.

Со законот, како што посочуваат од Министерството за правда, се овозможува воедначување на системот на правна помош спрема дете во сите одредби на Предлог на законот, се зајакнува заштитата на децата жртви и сведоци во кривичната постапка, се внесуваат процедурални одредби во однос на текот на судската постапка спрема дете и главниот претрес, се зајакнуваат механизмите за превенција на детското престапништво на локално и централно ниво, како и институционално, материјално и функционално зајакнување на Државниот совет за превенција на детското престапништво.

-Основна карактеристика на законот за правда за децата е воведувањето и уредувањето на ресторативна правда, односно вонсудските постапки за дејствие на дете што со закон е предвидено како кривично дело или прекршок, се наведува во соопштението.

Значајна новина со овој закон, како што информираат од Министерството за правда, е уредување на правото на обештетување на дете жртва.

-Согласно став 1 од член 151 од овој закон, се утврдува дека заради обесштетување на дете кое е жртва или е оштетено со дејствие кое со закон е предвидено како кривичнo делo на насилство и на други акти на индивидуално или групно насилство, се издвојуваат средства во рамките на буџетот на Министерството за правда. Министерот за правда, по претходно прибавено мислење од Државниот совет за превенција на детско престапништво, донесува годишна програма со која ги планира изворите и начинот на трошење на средствата, се анведува во соопштениетот од Министерството за правда.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.