Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утврдени имињата на новите антикорупционери, ќе ги предводи Билјана Ивановска

0
By Соња Петрушевска on February 8, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Билјана Ивановска ќе биде новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Ивановска без дискусија ја доби поддршката и од сите членови на Комисијата за избори и именувања.

За Ивановска, членовите на Комисијата за селекција на кандидатите напишале дека „врз основа на дадените одговори се оцени дека кандидатот има големо искуство во борбата против корупцијата и има јасна визија за работата на Комисијата“.

Ивановска е овластен ревизор.

Во Државниот завод за ревизија е вработена во 2000 година, а од 2013 преминува во ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош.

Ивановска била вработена и во Министерството за финанисии како началник на Одделението за буџетско сметководство, а работела и како стручен соработник во повеќе собраниски комисии. Ивановска има 55 години и е мајка на три деца.

Иако, Ивановска нема освоени максимални 100 поени, сепак таа на листата на селектирани кандидати е прва која аплицирала и за претседател на Комисијата. Останатите што се на ранг листата пред неа поднеле пријави само за членови на Антикорупциска.

Новиот состав на Антикорупциската комисија кој беше предложен од Комисијата за селекција без дискусија беше прифатен и од членовите на собраниската комисија и се очекува да биде изгласн и од пратениците. Седницата за избор на антиукорупционерите е закажана за денеска.

Освен Билјана Ивановска за членови на Антикорупциска се предложени и Владимир Георгиев државен советник на секретаријатот на Антикорупциска, Софка Пејовска раководител на сектор за спречување на корупција во Антикорупциска, Катица Николовска – ревизорка, Мури Бајрами ревизор, Горан Трпеновски новинар и Салаи Шемши, вработен во општина Врапчиште.

За членови на Антикорупциска беа пријавени вкупно 56 кандидати. Новиот состав на Антикорупциска ќе треба серизоно да се зафати со решавање на корупциските скандали и да се обиде да го врати угледот на оваа комисија која изминатиов период не поднесе ниту една пријава за корупција против високи функционери. На листата на Транспаренси Интернешнл, Македонија беше рангирана на 93 место заедно со Косово, Панама и Молдавија.

Македонија на 93 место на Индексот за корупција заедно со Косово, Молдавија и Панама

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.