Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Увезената српска пченица содржи тешки метали

0
By Нова ТВ on April 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во три мостри од петте пратки од увезената српска пченица пред еден месец, е утврдено зголемено присуство на тешки метали, дознава Фактор.

Според порталот, засега не е познато за колкаво количество на затруена пченица се работи, што ќе се случи со спорните количества, дали некои количини завршиле во промет ниту пак што ќе биде со останатите количини на пченица во магазините на увозниците.

Спорната пченица беше увезена во земјава пред еден месец и тогаш од АХВ беше кажано дека се испратени мостри од сите пет пратки на супер анализа, но досега во јавноста сеуште не излезе официјално известување за резултатите од дополнителните испитувања.

– Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, во рамки на своите редовни активности, при контрола на храната од увоз на граничните премини, утврди зголемена концентрација на тешки метали над дозволените граници пропишани со Правилникот за општите барања за безбедност на храната.

Согласно законските процедури, целокупната количина на сомнителната пченица се наоѓа под надзор на Агенцијата за храна и ветеринарство на местото на истовар, и за истите е издадено соодветно Решение за забрана за пуштање во промет. Бидејќи од страна на увозниците е побарано допонително лабораториско испитување (суперанализа), согласно утврдената процедура испратени се мострите од сите пет пратки, изјавија пред еден месец од АХВ.

Се работи за пет пратки на печница увезена од Србија со вкупна тежина од 330.220 килограми, набавена од два различни добавувача а наменета за три големи македонски мелнички капацитети.

Од АХВ уште тогаш соопштија дека спорните количества се наоѓаат во карантин и дека ќе се чекаат резултатите од супер- анализите. Тврдеа дека ниту грам од количествата не завршиле во промет односно во производство на брашно и леб, бидејќи првичните анализи биле направени уште на граничниот премин кога пристигнале шлеперите. Од АХВ уште тогаш предупредија дека по добивањето на резулатите ќе постапат согласно законските прописи, потсетува Фактор.

Македонските мелничари уште кога излезе информацијата дека во увезената српска пченива првичните контроли покажале зголемено присуство на тешки метали, побараа да се испита и српското брашно. Според нив доколку тешките метали се присутни во пченицата тогаш затруено е и увезеното брашно од Србија. Но, досега во јавноста немаше информација дали ваквите контроли се направија.Оттука се поставува и прашањето, знаеме ли какво увозно брашно јадеме.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.