Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Увезеното млеко нема да се продава

0
By Нова ТВ on February 19, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Задолжителни лабораториски анализи на афлатоксини во целокупните количини увезено млеко и млечни преработки, наложи Агенцијата за храна и ветеринарство.

До добивање на резултатите од испитувањата, увезените млеко и млечни преработки нема да се пуштат во промет. Ќе бидат складирани кај увозниците додека не се добијат позитивни резултати дека се безбедни.

Ако анализите потврдат присуство на афлатоксини над дозволеното, увезените количини ќе бидат уништени.

Присуството на афлатоксини во млекото и млечните преработки увезени од Србија, БиХ, Хрватска и Косово задолжително се испитува од минатата недела. Од вчера, листата е проширена на целокупната количина што се увезува.

НОВА веќе го објави постот на твитер на покраинскиот секретар на Војводина за земјоделие Горан Јешиќ кој напиша: „Од 35 тестирани примероци на млеко, 29 имале покачена вредност на афлатоксин M1“.

Во Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство, ги засили и контролите на фармите, во преработувачките капацитети, како и на домашниот пазар.

– Производството на млеко во државата е под постојан мониторинг преку спроведување на Националниот мониторинг план за контрола на резидуи од ветеринарно медицински препарати и контаминенти кај живите животни и производите од животинско потекло во Република Македонија, одобрен од Европската комисија. Минатата година врз основа на овој мониторинг план, се испитани 81 мостра од сурово млеко, земени од различни фарми во државава. Според добиените резултати, ниту една не покажала присуство на афлатоксин, наведува АХВ.

Афлатоксините се продукт на габите Aspergilus кои најчесто се јавуваат кај житата од каде, преку исхраната, се пренесуваат во добитокот.

Државниот инспекторат за земјоделство уверува дека добиточната храна увезена од Србија е безбедна и сигурна за употреба.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.