Државната изборна комисија известува дека тече постапката за јавен увид во Избирачкиот список и истата ќе трае до 9 септември 2021 година.
Заклучно со вчерашниот ден (26.08.2021) вкупно 5.164 лица се провериле во избирачкиот список, поднесени се вкупно 11 барања за запишување во избирачкиот список, 12 барањa за бришење на податоците од избирачкиот список и 4 барања за измена на податоците во избирачкиот список.
Исто така, до Државната изборна комисија, на е-маил адресата upisis@sec.mk се поднесени вкупно 17 барања.