Велингтон Делано Дикенс, 38, беше изведен пред суд во САД под обвинение за убиство на неговите четири деца откако се јавил кај властите на Северна Каролина за да го признае својот ужасен злостор. Дикенс беше уапсен во вторник наутро откако полицајците пристигнаа во неговиот дом по неговиот претходен телефонски повик, објави Еј-би-си њуз.
38-годишникот им кажал на полицајците дека четирите деца – 6-годишната Лија Дикенс, 9 годишната Зои Дикенс, 10 годишниот Велингтон и посинокот, 18 годишниот Шон Брасфилд, биле пронајдени мртви во багажникот на автомобил во гаражата.
Според првичните полициски проценки, телата на четирите деца биле во автомобилот неколку месеци. Во судските документи се наведува дека властите веруваат дека четирите деца биле мртви од 1. мај.
Крвавиот пир на 38-годишниот убиец го преживеа неговиот 3-годишен син, кој беше пронајден жив и неповреден во домот.
Дикенс е обвинет за убиство од прв степен . Според локалните медиуми, неговата сопруга, Реј Џонс Дикенс, починала во април 2024 година.
Чичкото на Дикенс рече дека ветеранот од војната во Ирак „изгледал добро“ кога последен пат го видел пред околу една година.
Како и сите, бев шокиран. Го слушате тоа, зборувате за тоа што им се случува на другите луѓе. Никогаш не би помислиле дека тоа ќе му се случи на некој од вашите“, рече тој, но забележа дека 38-годишникот не бил ист по неговата служба во војската, велејќи „знаеме дека имал мал проблем откако се вратил.

