Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

В недела протестен марш за решавање на проблемот со бездомните животни

0
By Нова ТВ on November 1, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во недела, на 4 ноември, под мотото „Сонувам за хумано утре“ ќе се одржи протестен марш на сите здруженија за заштита на животните регистрирани во Македонија за конечно ставање под контрола на состојбата со бездомните животни.

Протестниот марш ќе започне во 12 часот напладне пред Собранието на Македонија, а ќе заврши во 14 часот пред Град Скопје.

Од здруженијата најавуваат дека го дигаат својот глас поради катастрофалната состојба во стационарот Вардариште каде што во крајно нехумани услови животните се измачувани, изгладнувани и најчесто нивниот живот завршува со бавна и болна смрт. Велат дека никогаш немало повеќе животни на улица и дека ништо не е направено да се воведе ред во овој сегмент.

Од здруженијата најавуваат дека имаат решенија и предлог-програма за која велат дека е единствената хумана програма што дава резултат поради тоа што истата се применувала во земји каде што проблемот е одамна решен.

На социјалните мрежи веќе се придружуваат голем број на граѓани и познати личности, а огромна е и поддршката од активисти и љубители на животни од буквално целиот свет кои постираат фотографии со мотото „Македонијо, светот те гледа!“.

На настанот се поканети да се приклучат сите граѓани на Скопје и Македонија, особено оние кои не сакаат да гледаат кучиња на улиците, бидејќи со решенијата на активистите за само неколку години драматично ќе се намали бројот на бездомни кучиња на градските улици.

„Парите на граѓаните крајно неекономично се трошат, а проблемот опстојува веќе со децении иако е трајно решлив за само неколку години. Единствено што е потребно е управувањето со стационарите да се предаде на вистинските луѓе кои знаат да се справат со ситуацијата. Институциите да ни ја предадат надлежноста нам е единствениот излез. Нивните тактики се исти со децении и не даваат резултат. Редно е ние да покажеме што знаеме и што можеме“ – велат организаторите на протестот.

Секој кој сака да ја изрази својата поддршка на социјалните мрежи може да го стори тоа со објавување на фотографија од својот, по можност вдомен, миленик и употреба на официјален хаштаг #СонувамЗаХуманоУтре #ИЈасСонувам.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.