Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Валентина Стевановска вели работела за “ситна пара”

0
By Нова ТВ on April 26, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Авторката на Воинот на коњ, Портата Македонија, фонтаните и скулптурите со Филип и Олимпија (во различни варијанти), како и други дела од проектот Скопје 2014 во интервју за “Утрински весник” тврди дека од посочениот хонорар од речиси три милиони евра, таа земала само 10 проценти, а останатото отишло на мајстори, материјал и изведувачи. За портата Македонија пак, вели дека била и во минус и се прашува дали заработила едвај 500 евра хонорар.

“Какви три милиони евра? Едвај десет отсто од нив остануваат за авторот на проектот. На скулптурите работев речиси шест години, некогаш од утро до утро, често ги запоставував и децата поради работа… Може да се пресмета дека месечниот надомест, всушност, би ми бил колку една посилна просечна плата во Македонија. На удар сум на политички инсценирани напади, јавноста и граѓаните добиваат сосема погрешна перцепција”, вели Валентина Стеваноска во разговор со Утрински весник.

Според овие тврдења, Стевановска земала речиси 300 000 евра за шест години. Ако сумата се подели на 72 месеца излегува дека таа земала месечна просечна плата од 4100 евра. Таа во интервјуто за Утрински весник раскажува како колегите од Италија и се чуделе на паметот како се нафатила да работи за толку малку пари.

Исто како Стефановска, и авторката на врбите во Вардар Искра Димитрова во разговор за Нова тврдеше дека таа зела хонорар од само 500 евра, а не 65 000 евра. Остатокот и таа го дала за материјални трошоци и човечки ресурси.

Министерката Елизабета Канчевска Милеска во понеделникот во владата одржа прес конференција или, како што таа вели, отчет за потрошените пари за проектот Скопје 2014. Отчетот содржеше суми на потрошени средства кои Канчевска Милевска ги читаше точно два часа и триесет минути. Но, повторно не беа приложени документи, како договорите со изведувачите, авторите, фактурите, критериумите во кои се бирани и условите во кои се потпишувани договорите, а не беа именувани и сите фирми кои работеле.

Она што беше очигледно е дека на авторите им се префрлале пари за да ги платат материјалите, мајсторите и останатите трошоци, но не беше приложен отчетот, односно фактурите од исплатите кој авторите го дале, доколку го дале, пред Министерството за култура или општина Центар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
ФОКУС

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

ВЕСТИ October 21, 2025

Европските земји во соработка со Украина изработуваат предлог од 12 точки за запирање на војната,…

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025
ТИКЕР

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.