Белгискиот медијатор помеѓу партиите задолжени за решавање на политичката криза, Питер Ванхауте по завршувањето на долгите разговори во резиденцијата на ЕУ, одговарајќи на новинарско прашање рече дека е скептичен за функционалноста на ДИК.
Тој потенцираше дека во наредните денови ќе продолжат преговорите.
– Во следните недели ќе продолжиме да се обидеме да работиме, особено на приоритетните проблеми. Ќе дадеме се од себе за да постигнеме договор за овие проблеми, рече Ванхауте.
Ванхауте рече дека ќе го следат и проблемот со изборите се додека не бидат сигурни дека ако дојде до избори тоа ќе биде на најсоодветен начин.