На политичко ниво НАТО ги промовира демократските вредности и им овозможува на членките да се консултираат и да соработуваат за прашања поврзани со одбраната и безбедноста за да ги решат проблемите, да изградат доверба и, на долг рок, да спречат конфликт.
На воено ниво пак, Алијансата е посветена на мирољубиво решавање на споровите, но ако дипломатските напори не успеат, таа има моќ, сама или во соработка со други земји и меѓународни организации, да преземе операции за справување со кризи, согласно Членот 5 од Основачкиот договор на НАТО или со мандат на Обединетите нации. Линк