САД повикаа на воздржаност од насилство на протестите во Скопје.
„САД го почитуваат правото на македонските граѓани на мирно изразување мислења и гледишта и повикува на воздржаност од секакво насилство на протестите во Скопје“, изјавија за МИА од американскиот Стејт департмент.
Оттаму укажаа дека пристапувањето на Мaкедонија во ЕУ е значаен фактор за засилување на безбедноста во Европа и за целокупната колективна безбедност.
„САД е силен поддржувач на интеграцијата на Македонија во ЕУ. Сметаме дека иднината на Западен Балкан е безрезервно во ЕУ. Процесот на проширување промовира долготраен мир, стабилност и просперитет низ целиот регион“, изјави денеска портпарол на Стејт департментот.
Вашингтон високо ги оценува изјавите на лидерите на ЕУ за важноста на пристапувањето на Македонија во ЕУ кака фактор за засилување на безбедноста во Европа и за целокупната колективна безбедност.