Според реномираниот „Вашингтон Пост“ американското Министерство за правда најверојатно нема да го тужи основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж за објавување доверливи документи.
Две официјални лица потврдиле дека официјална одлука се уште не е донесена, но нагласиле дека е мала веројатноста Асанж да биде „под лупа“, освен ако не е вмешан во некое друго кривично дело, јавува весникот.
Имено тој не е виновен за изнесување на доверливите документи, бидејќи само ги објавил, исто како и новинарите.
-Доколку не сакате да ги тужите новинарите за објава на доверливи информации, што министерството нема да го направи, нема начин на кој би можеле да го тужиме Асанж, вели поранешниот портпарол на Министерството за правда, Метју Милер.