Во близина на Капитол во Вашингтон, маж бил уапсен додека носел преклопен нож и два молотови коктели. Според информациите од федералните обвинители, осомничениот планирал напади врз истакнати политичари, меѓу кои Мајк Џонсон, Пит Хегсет и Скот Бесент.
Граѓанинот Рајан Инглиш, се преправил во полицаец. Претресот покажал дека со себе имал две шишиња од 50 милилетри со крпчиња во нив. Носел и нож.
Полицијата соопштила дека имал намера да ги нападне министерот за финансии Бесент, и новиот министер за одбрана Хегсет. Тој наводно соопштил дека го напуштил својот дом во Масачусетс, со намера да ги убие Џонсон и Хегсет во неделата, а ден подоцна планирал да го нападне и Бесент.
Инглиш и`кажал на полицијата дека бил свесен дека би можел да загине во овој обид.