Нема победник во првото гласање на кардиналите, покажа црниот чад од Систинската Капела, јавува Си-Ен-Ен.
Следната рунда на гласање почнува во среда наутро. Резултатите повторно ќе бидат покажани преку оџакот, кој следи после секое гласање.
Така изгледа гласањето во Ватикан: црн чад- неуспешно гласање, нема папа. Белиот чад е успех, пишува Си-Ен-Ен.
Како изгледаше последниот избор за папа? Во 2005 година, бојата беше недефинирана, укажуваше на конфузија, пишува Њујорк Тајмс. Традицијата налага две рунди за гласање наутро, две навечер, доколку е потребно. Целиот свет разочарано сведочи за црниот чад како во овој случај, додека светските медиуми го опишуваат чекањето како бескрајно долги часови, додека не дојде до успех и светот не го добие новиот папа.