Портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди ги демантираше медиумите дека поранешниот папа Бенедикт Шестнаесетти е тешко болен.
– Тој е слаб во согласност со годините, нема некоја специфична болест, рече Ломбарди, а пишувањата на некои медиуми дека Бенедикт Шестнаесетти е тешко болен и дека е речиси при крајот на животот се глупост, изјави .Ломбарди.
Веста за тешката болест на Бенедикт извира од Мадрид. Долгогодишна дописничка од Ватикан, Палома Гомез Бореро објави информации дека здравјето на поранешниот папа е многу лошо и нема уште долго да биде меѓу нас.
Ломбарди додава дека тој на 28 февруари поднесе оставка поради како што изјави дека се чувствува уморен, но неговото здравје е во ред. На 16 април ќе наполни 86 години.