Ватикан негира дека папата Францис молчел за кршењето на човековите права за време на воената хунта во неговата родна Аргентина, јавува Би-Би-Си.
“Никогаш немало кредибилно и конкретно обвиненување против него”, изјави портпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди, додавајќи дека Хорхе Бергољо, сега папата Францис и никогаш не бил обвинет.
Портпаролот ги отфрли обвинувањата на, како што ги нарече, “анти-свештеничките левичарски елементи кои се користат за напад на црквата”.
Хорхе Бергољо ги предводел Језуитите во Аргентина под хунтата и обвинувањата кон него што сега се упатуваат е дека во времето на воената диктатура молчел и дозволувал да бидат затворени Језуити.