Конклавата на која кардиналскиот собор ќе го избере наследникот на папата Бенедикт XVI ќе започне во вторник попладне, објавено е денеска во Ватикан, пренесува Ројтерс.
Одлуката е донесена од страна на кардиналите на конгрегацијата, одржана денеска во Рим.
Во сложената постапка на изборот на новиот папа, кој изненадно се откажаод должноста минатиот месец, ќе учествуваат 115 кардинали, а новиот папа ќе биде кандидатот кој ќе добие две третини од гласовите.