Првиот македонски и регионален енергетски форум, на кој се говореше за регионалните енергетски стратегии и гасификацијата и на земјава и регионот, помина без претставник на Владата на ниедна од трите панел дискусии.
Форумот беше организиран од Амбасадата на САД и институтот „Аналитика“, а присутни беа странски амбасадори и високи претставници од македонскиот енергетски сектор.