Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Вечер на српски автори“ со Петровиќ, Тешин и Данилов

0
By Нова ТВ on April 11, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Даут пашин амам, денеска во 19 часот ќе се одржи “Вечер на српски автори“ и ќе бидат претставени тројца српски писатели – академик Горан Петровиќ, Драган Јовановиќ Данилов и Срѓан Тешин.

Ќе бидат промовирани книгите, преведени на македонски јазик, “Опсада на црквата Св. Спас“ од Петровиќ (издание на “Готен”), “Клетвите на куварот и други гадости“ од Тешин и “Татко на ледените ридови“ од Данилов (изданија на Икона).

За делото на Петровиќ ќе зборува академик Влада Урошевиќ а за делото на Тешин и Данилов – Александар Прокопиев. Гостувањето на авторите е дел од овогодишниот настап на Народната библиотека на Србија на Саемот на книга во Скопје.

На настанот ќе присуствува и aмбасадорот на Република Србија во Република Македонија. г-ѓа Душанка Дивјак – Томиќ.

„Опсада на црквата Св. Спас“ е ремек-дело на српската книжевност. Во него, користејќи ги најдобрите манири на постмодерната нарација, Горан Петровиќ опфаќа неколку векови на историја и култура, од раниот среден до крајот на дваесеттиот век, при што вешто испреплетува моќни архетипски слики и метафизички слоеви, но и многу енциклопедиски референци, во духот на борхесовски библиофил. Со тоа создава повеќеслоен роман, околу чиишто значења сѐ уште се пишуваат научни студии, но и се кршат копјата во книжевната критика.

Најдоминантниот слој во романот е силно инспириран од византиската духовност и српската црковна традиција и тоа се гледа во самата градба на романот, во која крстовидно се испреплетуваат хоризонталното, историско време полно со војни, опсади, измами, нискости и вертикалното време, во кое луѓето стремат кон боженственото, кон повторно воспоставување на единството со живиот бог кој, по годините нечестиво трошење, метонимиски се редуцирал на едно ангелско перо, чувано како црковна реликвија. Во духот на таа православна христологија, романот е организиран во девет книги, според небеската ангелска ерархија и на поглавја од четириесет дена, од Велигден до Спасовден, во кои и трае опсадата на црквата Свети Спас од бугарско-татарската војска, главниот наративен тек во дејството.

Но Петровиќ не останува само на тоа. Неговата амбиција е поголема. Тој успева да создаде современ книжевен израз, кој забележително се менува согласно различните временско-културни планови, и врз православната мистика калеми елементи на фолклорно-пагански традиции, споеви на бајковиден со современ фантастичен дискурс, во кои во градењето на наративниот тек и фикциската стварност учествуваат рамноправно сите дејствија, и оние кои се случуваат сега, и оние in illo tempore, и оние што се случуваат на јаве и оние на сон. Неговата авторска дистанца кон својот книжевен свет, јасно се гради преку употреба на една суптилна иронија која на моменти преоѓа во бројгелова гротеска.

Драган Јовановиќ Данилов е еден од најголемите и најпреведувани современи српски поети, романсиер, есеист, ликовен критичар. Автор е на 14 поетски книги и на три романи. Неговите книги со поезија се преведени на англиски, француски, германски, италијански, грчки, бугарски… Добитник е на повеќе награди меѓу кои и “Меша Селимовиќ“. Застапен е во америнанската антологија “Нови европски поети“.

Книгата „Клетвите на куварот и други гадости“ е постмодерна во својата брзина, во референците и во концепцијата, длабоко локален во минуциозното познавање на она за што пишува и глобално применлив на било која примитивна средина на овој свет, во којашто, за да се манифестира, на злото му е потребно нешто што на било кој начин е различно. Кога ќе смена нешто такво, тоа се свртува кон најблискиот, за да, кога ќе го уништи не него, на крајот да се изеде и себеси. Ние сме тие коишто ги измислија таквите ужаси, но се покажавме како добри ученици и многу креативни следбеници, било да ги чуваме доказите за сопствените ѕверства во тегла, или на видео запис. Општеството коешто не ги казнува ѕверовите, ќе се претвори во општество со коешто владеат ѕверови

Срѓан Тешин е книжевник и новинар. Објавил осум книги. Добитник е на наградата на Друштвото на писатели на Војводина и на престижната книжевна стипендија Борислав Пекиќ. Застапен е во домашни и странски антологии. Прозата му е преведена на англиски, германски, полски, македонски, унгарски и словенечки јазик.

Во романот „Татко на ледените ридови“ постојано доминира приказната којашто во себе ги собира подемите и падовите, новите и старите митови на модерниот човек, како и неговите разнолики сознанија. Татко на ледените ридови претставува непосредна средба со фактите на стварноста, со автентичното и проживеано искуство. Овој роман плени со невообичаена сила и кога зборува за војните во втората половина на XX век, и кога зборува за уметничките и јавните истории на модерното време.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.