Вечерва во 20.00 часот во Јавна соба, во соработка со унгарската амбасада во Скопје и унгарскиот директорат за уметност и култура ќе се одржи концерт на Oláh Dezső Trio – програмска интерпретација на композиции од Бела Барток во џез варијанта.
Бела Барток е еден од најпознатите композитори на етно музика кој творел во дваесетиот век, најпознат унгарски композитор и еден од основачите на етномузикологијата.
Неговата музика се каректеризира со драматично менување на звукот во музиката на дваесетиот век.
Влезот за сите посетители е слободен, но поради ограничениот број седишта, резервацијата е задолжителна.