Првата меѓувладина конференција меѓу Европската унија и Србија е договорена, и ќе се одржи на 20 декември, пишува српскиот весник „Вечерње новости“.
Преговорите на Србија со ЕУ ќе започнат веднаш по одржувањето на Европскиот совет, а Белград за ова добил зелено светло од европските лидери.
Она што преостанува за Србија сега е да ја усогласи делегацијата која ќе ги започне преговорите, а на првата меѓувладина конференција, таа ќе биде претставувана од српскиот премиер Ивица Дачиќ, шефот на преговарачкиот тим Тања Мишчевиќ, и министерот за евроинтеграции Бранко Ружиќ.
Почетокот на преговорите од страна на ЕУ, ќе го означат еврокомесарот за проширување Штефан Филе, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон, и шефот на литванската дипломатија, Линас Линкевичиус.