Советот на општина Центар, вечерва ќе одржи вонредна седница за актуелните случувања на локацијата во паркот кај хотелот Бристол.
Седницата ќе започне во 20 часот.
Иако неколку пати беа повикувани да дојдат и да кажат дали ги штитат интересите на граѓаните или на политиките на Груевски, советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е извесно дека нема да дојдат на вонредната седница.
Жителите на овој дел од скопската општина бараат одговори од Коце Трајановски, кој според нив е човекот кој ја издаде дозволата за градба, од Миле Јанакиевски, под чија надлежност е локацијата, како и од премиерот Груевски, човекот кој, велат, стои зад наредбата.
Центарци, жестоко се спротивставија, кога во раните утрински часови, претходниот советнички состав, предводен од ВМРО-ДПМНЕ и Тодоровиќ ги изгласаа измените во ДУП-от, со што се „отвори“ вратата за изградбата на зградата која би требало да биде дом на Советот за радиодифузија, на местото на паркот.
Во неделата, во 3 и пол часот по полноќ, со силно полициско обезбедување беа исечени дрвјата.
Инаку општина Центар во понеделникот, донираше и засади седум нови дрвја, а и граѓани донираа ново зеленило.