На Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија големо внимание привлече настапо на британскиот премиер Дејвид Камерун.
“Не и го вртиме грбот на Европа, напротив. Ја сакаме Европа поконкурентна, поотворена, пофлексибилна” изјави Камерун во Давос појаснувајќи што сакал да каже во неговото обраќање до нацијата во петокот кога најави дека Британците ќе се изјаснат на референдум за тоа дали сакаат да останат во ЕУ или не.
“Државите во Европа имаат свои истории, свои традиции, свои институции, го сакаат својот суверенитет и обидите тие да се стават во централизирана полтичка унија би биле голема грешка за Европа, а Британија не сака да биде дел од тоа” порача Кемерун од Давос.
Во актуелната полемика за идината на Европа се вклучи и шведскиот премиер Фридрих Рејнфилд.
“Веќе шест години учествувам во работата на Европскиот Совет. Секогаш имало разлики меѓу нас . Мислам дека суштината на европската соработка е дека можеме да се носиме со разликите и да работиме заедно. Ја слушнав вчера Меркел кога рече..Дајвид Камерун има свои ставови..ајде да ги слушнеме и да зборуваме за нив” изјави шведскиот премиер Фридрих Рејнфилд.