НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Велика Британија сонува да стане Албанија!

0
By Светлана Јовановска on May 1, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Велика Британија сонува да стане Албанија! Нашата албанска сосетка стана топ тема во Брексит кампањата, толку голема што дури и албанскиот премиер се почувствува повикан да се замеша.

Британците ке излезат на референдум на 23 јуни за да кажат дали нивната земја треба да остане членка на Европската унија или за неа е подобро да го напушти европското друштво. Според анкетите исходот е неизвесен, пола Британци се за а пола се против.

Министерот за правда Мајкл Гоув сака земјата да излезе од Унијата и даде   автогол со контра ефект кога на извесен начин стави знак на еднаквост помеѓу Велика Британија и … Албанија!

Според неговата визија, Британија, ако излезе од ЕУ, ќе им се придружи на земји како Босна, Украина или Албанија. Овие земји, рече Гоув, слободно тргуваат до Унијата но не се приморани да ги применуваат европските правила. Тоа ќе биде во срцето на нашиот нов аранжман со Унијата, рече Гоув.

Ете тоа се според Гоув, среќните балкански земји кои имаат пристап до европскиот пазар но не се обврзани да ги усвојат сите правила на внатрешниот европски пазар.

Фајненшл Тајмс забележа дека човекот не ги дал како пример просперитетните Норвешка и Швајцарија затоа добро знае дека овие земји мораат да ги применат европските правила на внатрешниот пазар за да им се отворат портите на тој ист пазар.

Противниците на Брексит го искористија овој министерски автогол за својата кампања па сега низ Лондон циркулираат автобуси на кои пишува: “Ако излеземе од Унијата ќе станеме како Албанија”. На плакатите може да види албанското знаме кои се вее на кралската Бакингем палата.

И така Еди Рама, албанскиот премиер, им кажа на Британците дека неговата земја не е модел за Британија:

“Можеби треба да бидам горд што Албанија стана централна тема во британската дебата, но кога слушам дека Мајкл Гоув сака да го напушти партнерството со Франција или Германија и да влезе во партнерство со Албанија, морам да кажам дека се чудам, напиша Рама во британскиот Тајмс.

А Фајненшл Тајмс раскажа интересна случка. Уредникот на весникот бил на вечера со Еди Рама кој на новинарот му раскажувал како било во времето на Енвер Хоџа. И рекол дека престанал на својот син да му ги раскажува тие кошмарни времиња бидејќи детето не можело да верува и го гледало таткото како да е луд.

Британскиот хумор на новинарот доведе до следниот заклучок: можеби идните генерации на британски деца ќе ги гледаат своите татковци како да се луди и нема да веруваат дека еден ден во минатото еден британски министер сонувал Велика Британија да стане Албанија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.