Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вељановски: Илинден е мотив за акција

0
By Нова ТВ on August 2, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сакаме да бидеме дел од Европската унија и НАТО и сите реформи и напори ги насочивме во тој правец. Но, и како народ знаеме уште нешто, а тоа е дека одиме натаму како што Илинден не научи да одиме, а тоа е цврсто, гордо, чесно и одговорно, истакна денеска во својот говор претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, по повод одбележувањето на 110. годишнината на Илинден, пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто во Скопје, јавува МИА.

– Отстапувањето пред предизвиците не е дел од нашиот ген. Не е во нашата крв која сите минати маки и потешкотии ја направиле дотолку посилна, дотолку поотпорна! Во историјата сме имале бројни непријатели, силни навидум непобедливи империи, но никогаш не сме отстапиле, никогаш не сме се поколебале. Ние како народ точно знаеме каде одиме, кои вредности ги споделуваме и каде природно припаѓаме. Тоа многу пати сме го кажале и покажале и ако треба уште толку пати ќе повториме. Без самопочитта вредноста на секое остварување е значително намалена, рече Вељаноски. Ќе продолжиме, додаде, по правецот кој сме го зацртале, но без притоа да заборавиме дека Македонија е една и неделива. – Ние не сме без идентитет, семе без корен, куќа без темел, рече тој.

Чествувајќи го денешниот ден, како Ден на републиката, празник на нашата држава и борбата на нашиот народ, истакна Вељаноски, уште еднаш го исполнуваме аманетот оставен од нашите предци, од илинденците, од асномците, од сите родољубиви личности кои дадоа жртва во остварување на идејата за слободна Македонија. Славејќи ја нивната пожртвуваност за слободна и независна држава искажуваме благодарност за нивната непокорност и истрајност заради која денеска сме свои на своето.

– Илинден е темелот на нашата државност и самобитност! Илинден е гранитното сведоштво за влогот на генерациите пред нас! Илинден е мотив за акција! Илинден е посакуваната енергија! Овој ден е незапирливиот импулс кој Македонија ја водел и ќе ја води само напред кон нови победи, истакна Вељаноски.

Тој незапирлив импулс за победа на правдата го имале и илинденците во безусловната борба за слобода, но и славните партизани кои еднакво силно се посветија на идејата за независна македонска држава. Таквиот имплус, продолжи тој, го имавме и пред две децении кога се создаваше демократска Република Македонија, но го имаме и денес бидејќи предизвиците се се уште тука, а нашата посветеност во градењето на подобра иднина се уште се нашиот најголем императив.

– Да го сочуваме тоа што го имаме! Да го почитуваме тоа што како непроценливо наследство сме го затекнале. Безусловно да го уважуваме и да го негуваме споменот за славните илинденски епопеи. Конечно, мораме да го надоградиме сето тоа со своето дело и да го оставиме на поколенијата што гордо чекорат со нас, рече Вељаноски.

Денес се соочуваме и со предизвици со кои се проблематизираат државните и националните обележја, традицијата, корените. Но, додаде, знам дека и оваа тешка и непринципиелна битка ќе ја добиеме. Денес, сите ние заедно, имаме голема задача да се избориме за подобар свет за нашите деца, внуци, за идните генерации Македонци, рече претседателот на Собранието.

Вељаноски посочи дека маките, огромните жртви и гласните вековни извици за слобода на нашите славни предци довека не задолжија да ја чуваме слободата- Гоце, Јане, Даме, Питу, Ченто и многу други, а еден од нив е и Методија Андонов – Ченто. Судбината на Ченто, рече, му предодредува да биде борец за каузата наречена Македонија и да го носи тешкото бреме на татковината и меѓусебните македонски пресметки.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ја предводеше собраниската делегација која положи цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, претседателот на Президиумот на АСНОМ, како и пред спомениците на Никола Карев пред Парламентот и на АСНОМ. Собраниски делегации денеска присуствуваат и на централно одбележување на Илинден во Крушево и во Меморијалниот центар во Пелинце.

Извор: МИА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.