Граѓаните на Венецуела денеска гласаат за нов претседател. Се говори дека ќе се исполни желбата на починатиот претседател Уго Чавез, на функцијата да биде избран неговиот посакуван наследник.
Пред последната терапија против ракот Уго Чавез порача дека доколку не може да го продолжи политичкото делување, Венецуелците треба да го изберат Николас Мадуро за претседател, јавува Дојче веле.
Изгледа дека желбата на „командантот“ ќе биде исполнета. Истражувачите на јавното мислење му предвидуваат на Мадуро убедлива победа на денешните претседателски избори. Во зависност од анкетите, Мадуро има помеѓу 10 и 20 проценти предност во однос на кадидатот на опозицијата Енрике Капријес.