Поранешниот потпретседател на Венецуела, Николас Мадуро, положи заклетва како вршител на должноста претседател часа по државниот погреб на Хуго Чавез, јавува Би-Би-Си.
Сепак, контроверзите во Венецуела не престануваат- главната опозициска коалиција го бојкотираше Мадуро на заклетвата, со образложение дека потегот е неуставен.
Лидерот на опозицијата, Енрик Каприлес, го нарече овој чин измама, затоа што според Уставот, претседателот на националното Собрание треба да да ја преземе функцијата вршител на должноста претседател.