Венецуела ќе започне со официјална истрага за да се утврдат причините за смртта на претседателот Хуго Чавез.
Од владата изјавија дека постојат сомневања дека Чавез се разболел од рак, како резултат на методично труење кое го спровеле неговите непријатели од странство, јавува „Ројтерс“.
Привремениот вршител на должноста претседател на Венецуела, Николас Мадуро истакна дека и самиот Чавез се сомневал дека можеби намерно бил заразен со рак.
Мадуро вети дека ќе отвори истрага за овие тврдења, кои прво беа покренати од страна на Чавез откако беше дијагностициран со оваа болест во 2011 година.
– Ние ќе ја откриеме вистината – рече Мадуро пред локалните власти.Тамошните медиуми пренесуваат дека Венецуела ќе повика и странски експерти кои ќе учествуваат во истрагата за смртта на Чавез.