НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Весиќ: Грција се вклучува во проектот брза пруга Будимпешта-Белград-Скопје-Солун што е историска победа за Западен Балкан

0
By Marija Todorovska on February 13, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Српкиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ денеска изјави дека Грција, членка на ЕУ, благодарение на договорот на претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Грција Киријакос Мицотакис се вклучува во проектот за градење брза пруга од Будимпешта преку Србија и Северна Македонија до Грција, што е историска победа за Западен Балкан бидејќи Европскиот Коридор 10 повторно ќе стане еден од најважните европски коридори.

Весиќ во изминатите неколку дена беше домаќин на својот грчки колега, министерот Христос Стајкурас, со кого патуваше за Нови Сад со брзиот воз „Сокол“ и му ги покажа 76-те километри брза железница која веќе е во функција и како напредуваат работите до Суботица.

– Потпишавме договор со Северна Македонија со кој заеднички ќе настапиме пред ЕУ, да обезбедиме пари за продолжување на брзата пруга до Скопје. Веќе ја градиме пругата од Ниш до Брестовац, а потоа имаме уште 135 километри до Прешево и 50 километри од границата до Скопје, за да имаме пруга Скопје – Ниш – Белград – Суботица – Будимпешта. А од вчера во овој проект е вклучена и Грција, рече Весиќ.

Весиќ изјави дека во мај ќе биде распишан тендер како дел од проектот за изградба на брза железница Белград-Ниш долга 230 километри за втората и третата делница, а до крајот на годината и за првата, проект кој чини 2,7 милијарди евра, од кои 610 милиони евра се грант од ЕУ.

Тој изјави дека во Грција веќе постои пруга која дозволува брзина од 150 километри на час, која ќе ја модернизираат, од Атина до Солун, а ќе се гради и пруга од Солун до Идомени, на грчката граница со Северна Македонија, со должина од околу 70 километри.

– Заедно ќе работиме на поврзување на Солун и Скопје. Со тоа ќе имаме брза пруга од Будимпешта до Атина во должина од 1.512 километри, нагласи министерот Весиќ.

Тој додаде дека со таа пругата од Белград преку Скопје до Солун ќе се патува со брз воз за околу шест часа, без застанување на границите, со сета удобност на возовите, што во голема мера ќе го подобри квалитетот на животот на луѓето, како и дека за 13 часа со брз воз ќе се патува од Унгарија, преку Србија и Северна Македонија, до Грција.

– Луѓето ќе можат побрзо да патуваат, а ние ќе бидеме поврзани со пристаништата Пиреј и Солун, што е најважно за развојот на економијата. Претседателот Вучиќ посочи дека Србија е подготвена да соработува со Грција за закуп на пристаништа во Пиреј и Солун, бидејќи е важно да имаме пристанишни капацитети и за тоа ќе се разговара, но железницата е предуслов за тоа, рече Весиќ.

На вчерашната средба во Белград на претседател Александар Вучиќ со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, Вучиќ кажа дека Србија под покровителство на ЕУ ја гради брзата пруга Белград-Ниш, дека реконструкцијата на делницата кон Брестовац штотуку се завршува и дека ќе се заврши делницата се до границата со Северна Македонија.

– Премиерот Мицотакис ме информираше дека Грција работи и ќе ја заврши брзата пруга до Игуменица и до границата со Северна Македонија и за овој проект нашите министри имаа добри разговори, изјави Вучиќ.

Мицотакис посочи дека со претседателот на Србија разговарал за модернизација на пругата што ги поврзува Солун и Белград, како и за довршување на коридорот што ќе почнува од Пиреј, а ќе завршува во Будимпешта.

– Тоа е од стратешко значење не само за нашата земја, туку и за цела Југоисточна Европа. Во оваа смисла мора да ги искористиме и европските фондови кои се наменети за Западен Балкан. Грција го поттикнува практичното учество на ЕУ во развојот на инфраструктурата на Србија и на сите други земји на полуостровот, нагласи Мицотакис.

Вчера, министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ при презентацијата на развојните проекти на Србија на Српско-грчкиот бизнис форум во Белград, изјави дека Србија планира и изградба на гасовод и нафтовод преку Северна Македонија до Грција до почетокот на специјализираната изложба ЕХПО 2027 година.

брза пруга Будимпешта-Белград-Скопје-Солун Западен Балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.