Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Весна Ѓиновска-Илкова, Ѓорѓи Цуцковски и Кристина Светиева вечерва на „Охридско лето“

0
By Sashko on July 31, 2022 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сопранот Весна Ѓиновска – Илкова и тенорот Ѓорѓи Цуцковски. во пијано придружба на Кристина Светиева. вечерва ќе настапат во црквата „Света Софија“ во рамките 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

Весна Ѓиновска – Илкова дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професорката Милка Ефтимова, а магистeрските студии ги завршила во Белград во класа на професорката Радмила Бакочевиќ. Во нејзината богата оперска продукција, остварила над дваесет насловни улоги. Дебитира како Микаела во „Кармен“ со прославениот руски тенор Сергеј Дубровин во 1996 година, а меѓународното деби го има во Софија во улогата на Елизабета во „Дон Карло“, во рамки на меѓународниот натпревар „Борис Христов “, заедно со прославениот Никола Ѓузелев во 1998 година. За достигнувања во оперската уметност, Весна Гиновска – Илкова е добитник на наградата „13 Ноември“, која ја доделува градот Скопје, „Златна маска“ во 2006 година како и „Златна лира“ на Здружението на музички уметници во 2009 година. Во 2014 година ја добива наградата „Виртуози“, а во 2019 година e добитничка на високата државна награда „Св. Климент Охридски“. Од 2006 година, Весна Гиновска-Илкова предава соло-пеење на ФМУ- Скопје.

Тенорот Ѓорѓи Цуцковски дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје „Cum Laude“ во класата на професор Билјана Јовановска, а специјализира оперско пеење во Виена кај професор Оливера Миљаковиќ . Магистрирал во 2019 година во класата на маестро Борис Трајанов на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во периодот од 2010 до 2014 година е претседател на управниот одбор на Националната опера и балет, како и уметнички директор во периодот од 2014-2018 и селектор на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ во 2018 година. Како првенец во НОБ е носител на главните тенорски улоги кои се на нејзиниот репертоар. Цуцковски е солист-првенец на Националната опера и балет од 2007 година и професор на факултетот за Аудио – визуелна уметност – ЕСРА.

Кристина Светиева се истакнува како една од најталентираните македонски млади пијанистки и развива широка концертна дејност. Дипломирала во 2006 година (со „cum laude“) на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Т. Светиев, а магистрира во 2008 година(под менторство на проф. Жени Захариева. Во 2010 година ја завршила својата двегодишна специјализација на реномираната музичка академија во Париз „ Schola Cantorum“ под менторство на професор Жени Захариева. Во април 2014 година докторира на Факултетот за музичка уметност – Скопје, под менторство на Жени Захариева. Носител е на повеќе високи државни и меѓународни награди и признанија. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.