Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО)Атмосфера од плоштадот-илјадници граѓани масовно донираат за настраданите

0
By Сашка Цветковска on May 18, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Илјадници граѓани на Скопје масовно носат помош за настраданите од поплавите во Србија, БиХ и Хрватска на плоштадот „Македонија“ во центарот на градот каде што во организација на Црвениот крст на Македонија се поставени пунктови каде што граѓаните можат да ја остават помошта.

Супермаркетите и аптеките се полни со редици граѓани кои купуваат храна, продукти за хигиена, пелени, бебешки кашички и вода за нивните соседи и поранешни сограѓани од Југославија.

-Утрово уште рано за 5 минути се испразни целиот рафт со бебешки кашички. Буквално на секои 10 минути го полниме одново и одново. Истото е и со влажни марамици и со вода. Во еден момент снемавме вода, но повторно се донесе, вели вработена во скопки хипермаркет.

На плоштадот е полно со млади волонтери кои ја сортираат и пакуваат помошта, а потоа ја носат до камионите за транспорт. Млад 23-годишен скопјанец ни вели дека на плоштадот дошол да донесе помош со своето семејство, но кога слушнал дека се потребни возила за транспорт веднаш го ставил на располагање своето возило. Граѓаните кои доаѓаат да остават помош постојано се вклучуваат во групите волонтери. Одговорните од Црвениот крст, поради огромниот наплив на донации, повикуваат на помош од присутните.

-Ништо не ме чини, еве останав да пакувам со волонтерите во кутиите, вели млада скопјанка.

На средината на плоштадот стојат плочи со натпис „Скопје се сеќава“. Никола.Ц., раскажува дека тој бил жртва на земјотресот и овој повик за п0мош го доживеал емотивно.

-Јас една година немав кров на глава. Се храневме и облекувавме од помошта на граѓаните од целиот свет. Тогаш бев многу мал, но се сеќавам како вчера да беше. Знам низ што поминуваат тие луѓе и што допрва ги чека откако ќе помине шокот. Се чувствував одговрен да дојдам, вели 58-годишниот Никола.

На плоштадот се уште масовно пристигнуваат граѓани со полни ќеси и колички помош за настраданите. НОВА упатува повик до сите граѓани да помогнат во рамки на своите можности, но и внимателно да следат кои продукти се најпотребни. Од Црвениот крст информираат дека во погодените места во моментов најмногу недостигаат храна за бебиња, обична храна и средства за хигиена.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.