Мик Шумахер, возачот на Хаас, имаше страотна несреќа за време на квалификациите за Големата награда на Саудиска Арабија, неговиот болид се распадна, а тој нема да вози на денешната трка, потврдија од неговиот тим.
Синот на легендарниот шампион во Формула 1, Мик, заврши во заштитната ограда во 12тата кривина на патеката во Џеда. Тој, за среќа, е во добра здравствена состојба, но нема да вози на денешната трка.
Red Flag 🚩
Mick Schumacher has a heavy hit at Turn 12. #SaudiArabianGP #F1 pic.twitter.com/12lBHlXRex
— TSN (@TSN_Sports) March 26, 2022