Познатите хрватски новинари и писатели Предраг Луциќ и Борис Дежуловиќ, некогашни уредници во култниот весник „Ферал трибјун“, испратија порака со чаша македонско вино порачувајќи му на Груевски дека е време да поднесе оставка, пеејќи ја „Песната за Груевски“.
Нив им се придружи и легендарниот Карпо Година како режисер на ова кратко видео.