Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Димовски vs. Сугарески: Комисијата за образование заглавена на амандмани

0
By Влатко Чаловски on February 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски ја обвини опозициската СДСМ дека намерно ја кочи работата на Комисијата за образование, поднесувајќи 980 амандмани за да се одвива бесконечна расправа за изградба на државниот Универзитет „Дамјан Груев“.

Димовски исто така ја обвини СДСМ дека на вчерашната седница на Комисијата се однесувала агресивно, дрско и недолично кон претседателката Олга Најденовска, нешто што според Димовски, било типично за најголемата партија во опозиција.

Сепак, како што потенцираше, целта била да не се донесе законот за основање на нов државен Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“.

– СДСМ сака да го повтори сценариото за предизвикување на нови инциденти и нови кризи во Собранието на Република Македонија. Немаат аргументи, немаат програма, немаат идеи, но затоа навредуваат, затоа се закануваат, затоа поднесуваат илјадници глупави амандмани. Сакаат да креираат криза во Собранието, за да ја продолжат кризата која ја создадоа надвор од него, СДСМ знаат да работат само кога создаваат проблеми, деструкции и криза, изјави Димовски.

Тој дополни дека од поднесените 980 амандмани на СДСМ, ниеден немал суштинско значење туку во нив членовите на СДСМ „вежбаат граматика“.

Веднаш по прес-конференцијата на Димовски, прес-конференција одржа и координаторот на Пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески кој беше присутен во конференциската сала за време на изјавата на координаторот на најголемата партија на власт.

Сугарески рече дека откако ја проследил прес-конференцијата на Димовски, која траеше нешто над половина час, во неа забележал дека ставовите кои ВМРО-ДПМНЕ ги изнесува, потсетуваат на настаните непосредно пред 24.декември 2012 кога се случи т.н „Црн понеделник“, кога опозицијата и новинарите беа насилно отстранети од Собранието.

Тој рече дека тие не можат да расправаат по законот за изградба на државен Универзитет „Дамјан Груев“, бидејќи го немаат елаборатот добиено од Министерството, а во однос на амандманите, вели никој нема право да ограничува колку амандмани треба да се поднесат, а најмалку да ги оценува дали се добри или не, без расправа.

– Самата претседателка на Комисијата, Најденовска рече дека таа според Деловникот нема право да прекине расправа. Тоа што го прави претседателката е класично неделовничко работење и СДСМ не предизвикува криза ниту надвор ниту внатре во Собранието, изјави Сугарески.

Координаторот на СДСМ рече дека според нив, ниту финансиски ниту материјално не е прифатлив законот за универзитетот, бидејќи во него, смета дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се оддолжува „одомувајќи“ свои членови.

Во амандманите, Димовски потенцираше дека СДСМ предлага да се избрише името Дамјан Груев, а на негово место предлагаат имиња како Страхил Гигов, Вера Ацева, Крсте Црвенковски, Видое Смилевски-Бато, кои никако не можеле да се споредат со Груев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.