Најдобрите тенисери во светот, Рафаел Надал и Новак Џоковиќ одиграа краток егзибиционен меч во аргентинскиот град Ел Калафате во Патагонија, пред познатиот глечер Перито Морено.
Надал и Џоковиќ се во улога на промотори на кампања организирана од Министерството за туризам на Аргентина. Тие разменија неколку удари додека бродот ги вози околу Перито Морено, глечер кој досега ид оддолева на климатските промени на планетата.
Ноле во недела ќе игра нов егзибиционен меч во Буенос Аирес, по повод пензионирањето на аргентинскиот тенисер, и некогашен рекет број 3 во светот, Давид Налбандиан.
Според програмата, на стадионот „Ла Рурал“, Новак ќе одигра меч со Рафаел Надал, а потоа и двојки со Хуан Монако против Налбандиан и Надал.