За поранешниот министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески ова е долга ноќ на распит во Кривичниот суд во Скопје.
Судскиот распит за Јанакиески следува откако специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим денеска побараа притвор за осум лица и итно приведување на еден од нив поради изборна криминализација во рамките на првата акција на Специјалното обвинителство, наречена „Титаник“.
За осумтемината е побаран притвор поради изборна измами и нивно спречување во понатамошно делување.
Иако некои од медиумите денеска објавија дека и екс-министерката Гордана Јанкулоска е во Кривичниот суд, не беше забележано нејзино присуство.