Доставувачот на пица Николас Бостик спаси пет човечки животи од куќа во Лафајет, Индијана – САД, по што беше наречен херој од полицијата.
Бостик поминувал со автомобил и забележал дека спроти улицата една куќа е во пламен. Веднаш го запрел автомобилот и се искачил од задниот влез на куќата до катот. Таму нашол повеќе деца.
„Им реков да тргнат по мене по скалите, да ме следат и ќе излеземе. Кога излеговме ги прашав дали има уште некој внатре. Ми рекоа дека има. Се вратив и го земав последното дете. Десната рака ми е во изгореници, дланката ми е како да сум се залепил за предмет. Но вредеше“, рече храбриот доставувач на пица.
Целата сторија и видео на следниов линк.