Засега нема преживеани во Италија, хотелот е целосно разурнат. Италијанските медиуми јавуваат дека меѓу триесетината исчезнати има и неколку деца.
По 18 дена и поминати 12 000 километри, првиот товарен воз од Кина за Британија, конечно пристигна во Лондон. Оваа железничка линија е резултат на желбата на Пекинг да ги зајакне трговските врски со Европа и да се обнови древниот, т.н. Пат на свилата.
Новоизбраниот претседател на Америка, Доналд Трамп, го напушти Њујорк и патува кон Вашингтон. Тој утре влегува во Белата куќа каде не го очекува топло добредојде од сите.