Украинскиот товарен авион што синоќа се урна во Грција на лет од Србија за Јордан, носел најверојатно муниција, изјави градоначалникот на Пангеа, местото во кое се урна авионот, јавува hr.n1,info .
Товарен авион кој превезувал опасен материјал се урна во близина на градот Кавала во североисточна Грција, предизвикувајќи пожар со лут мирис, соопштија локалните власти.
Сите осум членови на екипажот на Антонов Ан-12 загинаа, јави грчката државна телевизија ЕРТ во утрово.
На жителите кои живеат во близина, грчката цивилна заштита им порача да ги затвораат прозорците и да не ги вклучуваат клима уредите. Градоначалникот на Пангео, Филипос Анастасијадис, рече дека авионот носел „опасен материјал“, најверојатно муниција.
Тој за ЕРТ изјави дека во авионот немало хемиски или нуклеарен материјал. Армијата е на пат кон местото на несреќата, додаде тој. Државните медиуми јавија дека во воздухот има отровна пареа од запалување на 12 тони товар.
Авионот полетал од Ниш, Србија и бил на пат за Аман, Јордан кога пилотот пријавил проблеми со моторот и побарал итно слетување на грчкиот аеродром во Кавала, но авионот не слетал и се урнал на околу 40 километри од аеродромот.
Авионот уништил електрични столбови, а околните села останале без струја. За голема среќа на жителите, авионот за влакно промашил куќи.
A Meridian An-12BK cargo aircraft crashed near Kavala, Greece this evening en route from Niš to Amman. Flight playback, downloadable data, and granular ADS-B data are available at https://t.co/qarHr6zvKi #MEM3032 pic.twitter.com/1QlMxHFvDn
— Flightradar24 (@flightradar24) July 16, 2022