Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Елтон Џон со солзи му оддаде почит на Џорџ Мајкл: „Денес ќе наполнеше 60 години“

0
By Соња Крамарска on June 26, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Легендарниот музичар Елтон Џон се прости од британската публика во неделата вечерта на сцената на легендарниот фестивал во Гластонбери, на југозападот на Англија.

„Ова е многу посебна и емотивна вечер за мене, ова е можеби мојот последен настап во Англија, во Велика Британија, па сакам да помине најдобро“, изјави Елтон Џон на почетокот на својот настап.

По отпеаните неколку големи хитови, Елтон Џон го избра својот познат хит од 1974 година „Don’t Let The Sun Go Down On Me“ да му го посвети на својот голем пријател и легенда, пејачот Џорџ Мајкл кој вчера имаше 60-ти роденден.

Елтон му ја посвети песната со трогателни зборови на својот покоен пријател кој почина на 53-годишна возраст во декември 2016 година.

„Денес е многу, многу посебен ден и се прашувам како да му пристапам. Џорџ Мајкл беше еден од најфантастичните британски кантавтори. Тој ми беше пријател, беше инспирација, а денес ќе му беше 60-ти роденден, па сакам да му ја посветам оваа песна. Целата музика што ни ја остави е толку убава. Ова е за тебе Џорџ“, рекол Елтон Џон.

Потоа ги извадил своите славни очила за да си ги избрише солзите.

И тоа беше само едно од многуте изненадувања кои Елтон ги приреди на сцената на легендарниот фестивал, кој го одбележа неговиот последен настап во Велика Британија.

Песната „Don’t Let The Sun Go Down On Me“ честопати ја изведуваа заедно Џорџ Мајкл и Елтон Џон.

извор: Н1

Англија Елтон Џон концерт Џорџ Мајкл
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.