Вулканот Шивелуч еруптираше утринава и исфрли пепел во висина до 10 километри, што предизвика предупредување за воздушниот сообраќај над полуостровот Камчатка, објави Дојче веле (DW).
Шивелуч е еден од најактивните вулкани во Русија и последната голема ерупција ја имаше во 2007 година.
Тимот за брза реакција од Камчатка (KVERT) издаде црвен аларм за авијацијата, истакнувајќи дека вулканот може да исфрли пепел до 15 километри во воздухот во секое време.
Облакот од пепел се проширил до 400 километри, а по ерупцијата се повлекол на запад и југ, објави на Телеграм Центарот за геофизички истражувања на Руската академија на науките.
Медиумите објавија дека облакот од пепел продолжил да се шири. Некои улици се покриени со пепел.
Камчатка има 160 вулкани, од кои околу 20 се активни.