„Со депонирање на оставката на претседателот Давитковски, Експертската комисија запира со работа“, изјави денеска професорот Љубомир Фрчкоски, член на комисјата од СДСМ.
>>Давитковски: Можно е да се предомислам
„Постои отсуство на политичка волја да се погледне во очигледното, односно комисијата да расправа за уставноста на постапката при отстранувањето на пратениците и новинарите од собранието“, истакна Фрчкоски.
Тој го оквалификува извештајот, кој е составен на 30 страници, како доста добар во кој се имплементирани и препораките од странските претставници во комисијата.
>>Брисел: Препораките треба да се претворат во акција
Неофицијално НОВА дознава дека меѓународниот фактор знае каде е проблемот, и ја истакнуваат својата заложба за позитивен епилог од оваа ситуација.