Премиерот Никола Груевски и лидер на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ на синоќешниот митинг во Охрид им порача на граѓаните да не гласаат залудно за мали партии, оти тие не можеле да освојат повеќе од еден до двајца пратеници.
-Еден како ниеден! Ќе се мафта таму во парламентот, ќе гледа нешто за него да заврши, ако може за некој од партијата – и толку, рече Груевски истакнувајќи дека граѓаните треба да гласаат за неговата, според него, најквалитетна програма и да му дадат 62 пратеници.
Погледнете ја изјавата на Груевски во прилог во видеото.