Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО)Груевски призна злоупотреба на администрацијата во партиски цели

0
By Сашка Цветковска on April 10, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Премиерот Никола Груевски во завчерашното гостување во емисијата „Јади бурек“ на Сител 3 телевизија изјави дека вработени во министерството за финансии ја правеле изборната програма на ВМРО ДПМНЕ. Додека Груевски објаснуваше дека програмата се работела и ден и ноќ со сериозен пристап и дека тој самиот тие денови не правел ништо друго освен програмата, водителот Јанко Илковски искоментира „тешко на Ставревски ако нема пари за да се оствари програмата“, на што премиерот во обид да објасни дека нема опасност да се случи такво нешто потврди дека државната администрација ја работела изборната програма

„Он беше со цела екипа пресметки правеа на лице место. Значи он не беше сам беше со тројца четворица луѓе од неговото министерство што работат на буџет, што на дневна база го имаат чувството за буџетот, за приходите, расходите и така натаму. И тие и се менуваа по сектори, затоа што во буџетот има луѓе што работат на приме земјоделие, друг води образование, трет води друго, така што на секој сектор кога го работевме се менуваше екипата, така што два тројца остануваа со се, а секторски се менуваше“, рече Груевски.

Пред два дена НОВА објави дека службената веб страница на министерството за финансии се употребува за да се ставаат вести за изборната програма на ВМРО ДПМНЕ. Портпаролот на министерството не одговори на прашањата на НОВА. И денеска им поставивме прашање во врска со изјавата на премиерот дека вработени во министерството биле користени за ја пишуваат програмата, но не само што не добивме одговор, туку служеното лице за односи со јавност ни навести да не гаиме надежи дека случајно ќе добиеме одговори.

На првиот митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, репортерот на НОВА сними сведоштва со камера каде што вработени во администрацијата тврдеа дека ги пуштале порано од работа за да можат да одат на митинг.

Директното вклучување на администрацијата во изборната кампања беше дел и од забелешките на ОБСЕ/ОДИХР минатата година на локалните избори.

Злоупотребата на државни ресурси во кампања, како и „неможноста да се направи јасна граница помеѓу партијата и државата“ се дел од забелешките во извештаите на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР веќе неколку изборни циклуси.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
ФОКУС

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

ВЕСТИ October 31, 2025

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави…

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.