Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Хан: Годинава нема одмор за македонските институции

0
By Светлана Јовановска on July 20, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потписите на договорот од Пржино не се доволна гаранција за задржување на препораката за членство. За тоа е потреба целосна примена на овој договор, порачаа комесарот Јоханес Хан и словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак кој претседаваше со 12от Совет за стабилизација и асоцијација кој вечерва се одржа во Брисел.

Министерот Никола Попоски и министерот за евроинтеграција Фатмир Бесими ветиле дека европската порака во Скопје и во Владата е разбрана, изјави Лајчак.

– Договорот не е се уште гаранција за добар извештај но важно е што во последен момент земјата ја задржа европската врата отворена, рече Хан на прес конференцијата.

– Ова е можност и повик за земјата со добра волја да го примени договореното, рече Лајчак.

А комесарот Јоханес Хан изрази надеж дека оваа година нема да има одмор за македонските институции кои треба брзо да ја завршат подготовката за реализација на договорот од Пржино.

– Среќен што најдовме договор минатата недела. Треба да се каже дека сега нема време за губење и нема одмор барем не за институциите. Се разбира секој има право на одмор но нема одмор за институциите за да се подготви примената на договореното. На 15 септември треба да има специјален обвинител како што фиксиравме, рече Хан и додаде дека има работа за да се почитуваат сите договорени рокови од договорот од Пржино за да се подготват изборите на 24 април 2016 година.

Според Хан, Европската комисија има намера да помогне но тој подвлече дека одговорноста за примената се наоѓа кај Владата и политичките партии.

На Советот за стабилизација и асоцијација најмногу се разговарало за потребата од брза примена на договорот. Хан очекува дека ќе се спроведат препораките од извештајот на Прибе и сето тоа ќе се разгледува на 18 септември во Скопје во текот на Високиот политички дијалог помеѓу Комисијата и Македонија.

Хан инсистираше на тоа дека Комисијата, која го олесни договорот, не може да ја олеснува и целата негова примена. Според комесарот, пораките од ЕУ се сега јасни а тие препораки покриваат повеќе области за кои се одговорни повеќе државни агенции како УБК, Македонската радио-телевизија, ДИК итн.

– Подготовката на изборите ги покрива сите овие области. Знам дека има внатрешни разговори во партиите. Се не беше договорено на 2 јуни но се надевам дека партиите ќе можат да најдат договор за овие области. Го олеснивме договорот но нема се да олеснуваме, рече Хан.

Според Лајчак, ЕУ би сакала да ја види Македонија во процесот на преговори за членство но дали тоа ќе биде можно зависи од Македонија.

– Ќе ни биде драго да бидеме дел од успешно проширување на ЕУ но тоа зависи од змејите во регионот, рече Лајчак и испрати охрабрување до Македонија и Грција за да најдат решение за спорот со името.

Во ЕУ постои оптимизам дека сега, по договорот за решавање на политичката криза и доколку тој биде ефикасно спроведен, има реални шанси за решавање на спорот со името што би довело до старт на преговори за членство во ЕУ и членство во НАТО.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.