Министерството за внатрешни работи без одговор каде се лицата што минатиот месец го каменуваа ЛГБТ центарот при што во опасност беа доведени животите на сите оние кои во тој момент се наоѓаа внатре во центарот.
Од Хелсиншкиот комитет се сомневаат дека институциите се соучесници во овој инцидент, поради неколку факти, меѓу кои и тоа дека улицата пред ЛГБТ центарот во скопската чаршија, во моментот на нападот и каменувањето се испразнила од полиција, а учесниците не биле спонтано гневни и револтирани, туку организирани од други лица.
Хелсиншкиот комитет ги презентираше видео материјалите од нападите врз ЛГБТ центарот во старата скопска чаршија. На некои од видеата лицата на напаѓачите се видливи, а Хелсиншкиот комитет и забележува и на полицијата на, според нив, отуство на реакција и мала присутност за време на нападот.
Центарот досега неколку пати бил мета на напади. Следново видео е од каменувањето на ЛГБТ центарот во Март годинава за време на немирите на Битпазар.