Најмалку 38 загинати во автобуска несреќа која се случи синоќа во јужниот дел на Италија, а меѓу загинатите има и деца.
Како што јавува агенцијата Асошиејтед прес спасувачките екипи го извлекле автобусот (видео горе) од провалијата, во која пропадна од засега се уште неразјаснети причини.
Пред да падне автобусот се удрил во неколку возила пред него (виео долу). Според агенцијата Анса 11 лица се повредни – несреќата се случи во близина на градот Авелино, во регионот Кампанија.
Во автобусот се возеле околу 50 луѓе, вклучувајќи и деца, се враќале во Неапол од аџилак.